Search

Локализиран пожарот кај Охрид

Пожарот кај Охрид кој избувна доцна поладнево е локализиран и нема опасност за најблиските куќи, велат од Територијалната противпожарна единица која интервенираше на опожареното место со десетмина пожарникари и четири возила.

-Пожарот е локализиран и ставен под контрола. Сега се работи на негово целосно елиминирање. Зафатена беше површина со трска и ниска вегетација, а населените места и куќи во околината не се во опасност, соопштија од противпожарната единица.

Регионалниот Центар за управување со кризи од Охрид попладнево извести дека пожарот избувнал во 17.30 часот и дека зафатил сува трска, шавар и капини на локацијата викана Трно – Дебело поле,која се наоѓа помеѓу населбите Радојца Новичиќ, селото Орман и селото Долно Лакочереј.

Локалното население вели дека не е првпат да гори трска и ниска вегетација, а причините за денешниот пожар засега не се познати.

Треба да знаете
Последни објави