Адеми главен на теренот, Ристовски на прославата по убедливиот триумф на Динамо против Хајдук на „Максимир“

Капитенот на повеќекратниот хрватски фудбалски шампион Динамо Загреб и македонски репрезентативец Аријан Адеми со гол и асистенција го најави потопот на Хајдук на „Максимир“ (4:0). Динамо со денешниот триумф го понижи својот вечен ривал и главен конкурент во трката за нова шампионска титулата Хајдук, расчистувајќи си го патот кон трофејот.

„Модрите“ по триумфот прославија оти побегнаа 11 бода во трката за шампионската титула. По победата во главна улога беше Стефан Ристовски, македонскиот репрезентативен капитен, стандарден првотимец на Динамо.

Ристовски кој во оваа втора полуетапа има два гола и асистенција во дресот на „модрите“, сега се фати за фотоапаратот и глумеше фотограф. Ја сликаше радоста и славјето по големата победа.

За да не остане славјето овековечено без стандардниот десен бек, голманот Доминик Ливаковиќ ја преземал улогата на Ристовски.

Треба да знаете
Последни објави