Search

Џонсон се смета себеси за кандидат за иден генерален секретар на НАТО

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека се смета себеси за кандидат за иден генерален секретар на НАТО.

Добивај вести на вибер
– Морам да објавам дека постои таква идеја. Се сметам за кандидат. Тоа е многу добра и важна позиција. Сега НАТО е посилен од кога било – изјави Џонсон, одговарајќи на прашање на украински новинари за неговите перспективи да ја води Северноатлантската алијанса, пренесува Тасс.

Џонсон додаде дека не гледа никакви пречки Украина да влезе во НАТО како полноправна членка.

– Не гледам никакви противречности во пристапот на Украина во НАТО. Украинското членство е перспектива, тоа мора да се случи – рече Џонсон.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во понеделникот потврди дека има намера да ја напушти функцијата наесен оваа година.

Треба да знаете
Последни објави