Search

(Во живо)„Украина-година на хероизмот“ – настан на Цивил и украинска амбасада

Денеска во 11:00 часот во Домот на АРСМ почнува „Украина – година на хероизмот”, заеднички наслов на голем настан со конференција, изложба на фотографии, промоција на книга и проекција на филм.

На конференцијата учествуваат Претседателот Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министри во македонската влада, амбасадори и дипломати на повеќе земји од Европа, САД и Јапонија, експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество.

Вкупно 26 говорнички и говорници се предвидени во богатата агенда на настанот во организација на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави