Search

(Видео) Говорот кој промени сѐ, со кој Путин ја најави војната

Пред точно една година Русија ја нападна соседна Украина и започна војна која го промени светот.

Рускиот напад врз Украина е најголем на европско тло од Втората светска војна. Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор во 3 часот и 30 минути по наше време на државната телевизија, а околу 5 часот по полноќ го објави она од што сите се плашеа – војна или како што Русите ја нарекуваат „специјална воена операција“.
– Околностите бараат цврсти и итни постапки од нас. Решив да спроведам специјална воена операција чија цел е да ги заштитам луѓето кои веќе осум години страдаат од злоупотреба и геноцид од режимот во Киев.

Кој и да се обиде да не спречи и да создаде дополнителни закани за нашата земја, нашиот народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе биде итен и ќе доведе до последици со кои никогаш не сте се соочиле. Подготвени сме на сите исходи – со овие зборови Путин најави војна.

Неколку минути подоцна почнаа ракетни напади низ Украина, вклучително и Киев.

Треба да знаете
Последни објави