Search

 Лефков: Наместо предлози за спроведување програма ова се предлози за злоупотреба на терминот европски, корупција и богатење на блиските од власта

Слушнавме уште едно бесмислено експозе, за четири миниситри расправата  е споена, премиерот требаше да каже зошто се прават овие промени, да поразговараме за стратегијата, зошто министрите си даваат оставка, зошто Кренар Лога ќе биде подобар министер или Фатмир Меџити, Азир Алиу или зошто Каја Шукова ќе биде подобра, но ништо од тоа не слушнавме. Само бесмислени аргументи, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната собраниска седница.

Според Лефков добиваме министри кои ќе имаат изговори зошто не се направени промени затоа што ќе биде кратко времето, а во меѓувреме ќе сведочиме на криминал.

– Ќе има само изговори дека времето е кратко, а тоа веќе го видовме. Во меѓувреме има само злоупотреба на функциите за компаниите на свои блиски лица да можат да остваруваат добивки. Сведочиме на корупција, сомнежи за јавните набавки, како се спроведуваат, а кога ќе дојде ред за објаснување, низа од дијалози кои немаат суштинско значење, изјави Лефков.

Тој нагласи дека наместо предлози за спроведување програма ова се предлози за злоупотреба на терминот европски.

– Вашиот начин на промоција на европски вредности е елитистички и ексклузивна промоција само за богатење на ваши блиски лица, а во меѓувреме речиси е невозможно да започнат одредени реформи и истите да бидат истерани до крај. Ваквиот начин на „пазар 3 коалицирање”, цела јавност сведочеше како се пазаревте за министерски и директорски места за ден повеќе власт за трошење народни пари, истакна Лефков.

Треба да знаете
Последни објави