Олимпија Љубљана била заинтересирана за Елмас, но газдата на клубот не сакал да плати 400 илјади евра

Некогашниот спортски дирактор на Олимпија од Љубљана, Ранко Стојиќ во вечерашната најава за осминафиналните дуели од Лигата на шампионите за регионалната Аренаспорт, изјави дека Елиф Елмас за малку ќе заиграл за словенечкиот гигант во првите години од професионалната кариера.

„Кога Елмас имаше 17 години сакав да го донесам во Олимпија. Доаѓав во Скопје на температура од минус 8 да го гледам. Бев задоволен од тоа што го видов, но на газдата на Олимпија, Мандариќ не му се даваа 400.000 евра за трансферот. Шест месеци подоцна тој отиде во Фенербахче. Сега гледам каква грешка направивме што не го донесовме тогаш во Олимпија. Сега Елмас е еден од најдобрите во Наполи“, вели Стојиќ.

Треба да знаете
Последни објави