Бензема: Го видовте вистинскиот Реал,сакаме нов пехар во ЛШ

„Златната топка“ за минатата година Карим Бензема со два гола заедно со Винисиус Жуниор кој исто така даде два гола, креираа нов чудесен пресврт за Реал Мадрид, откако „кралевите“ од 0-2 дојдоа до џиновски 5-2 против Ливерпул на „Енфилд“ вечерва.

Бензема после големата победа во која неговите два гола во вториот дел ставија печат на победата, најави битка за нова шампионска круна на актуелниот европски првак.

-Многу важна ноќ за нас и сакам да ја посветам оваа победа на нашиот неодамна починатиот претседател Аманси. Почнавме лошо и знаевме дека Ливерпул и неговите фанови ќе не притиснат во првите 15 минути. Сепак, после тоа можете да го видите вистинскиот Реал Мадрид. Одигравме со огромна самодоверба, успеавме да дадеме голови и сега сакаме нова титула. Одигравме меч каков што сакаме да играме, ама најважно каков што навивачите сакаат да гледаат.
Фудбалот на ова ниво е екстремно тежок, а Ливерпул почна многу подобро од нас, но ние имавме голем меч. Кога знаете дека овој меч е витален и кога сте во негатива од 0-2, сакаде многу повеќе, а знаете дека еден гол сѐ може да смени. И тоа се случи вечерва со головите на Вини. Благодарност и до нашите навивачи кои нѐ водеа и беа наш 12-ти играч. Ни требаат и на реваншот, одиме на ‘Бернабеу’ да одиграме нов извонреден меч’, рече Французинот.

Треба да знаете
Последни објави