Анри: Ливерпул потона, доаѓа крајот на една ера

Од сите страни доаѓаат критики кон Јирген Клоп и кон фудбалерите на Ливерпул, откако „црвените“ беа понижени на домашен терен, губејќи со 2-5 од екипата на Реал Мадрид.

Легендарниот голгетер Тиери Анри жестоко удри по играчите на англискиот гигант, особено потенцирајќи една работа што ја забележа.

-Ливерпул почна супериорно, а потоа потона. Во тимот не владее единство, што за мене е јасен доказ дека доаѓа крајот на една ера. Видовме две голмански грешки, но при голот на Салах сите фудбалери на Реал, од прв до последен, дотрчаа до Куртоа за да му дадат поддршка. Кога Алисон Бекер згреши, соиграчите го оставија сам, вели Анри.

Според него, тренерска смена не е решение, но „црвените“ што поскоро мора да направат ремонт во играчкиот кадар.

-Кога ќе видите тип како Лука Модриќ кој на негова возраст така ја контролира топката, поминува низ средниот ред на Ливерпул со полна сила како да не е таму и го игра Винисиус, а потоа Винисиус му додава на Бензема кој игра со голман… јасно ти е дека нешто не е во ред, се гледа дека овој тим не дава се од себе. Не мислам дека Клоп треба да си замине за работите да тргнат на подобро. Сепак, треба да се признае дека некои фудбалери веќе не се доволно добри за да играат за Ливерпул, не можат да настапуваат на ова ниво. Тоа му се случува секому, но мора да се прифати на вистински начин за да се сврти нов лист, порача Тиери Анри.

Треба да знаете
Последни објави