Search

Три турски телевизии кои ја критикуваа власта за справувањето со последиците од земјотресот добија казни

Турскиот Висок совет за аудиовизуелна комуникација казни три телевизиски мрежи кои ја критикуваа владата за управување со последиците од земјотресот, што на 6 февруари го погоди јужниот дел на земјата.

-На телевизиите „Халк ТВ“, „Теле 1“ и „Фокс“ им се изречени и парични казни и привремена забрана за емитување поради „информации и коментари за земјотресот“, напиша на Твитер Илхан Ташчи, член на РТУК од редовите на опозицијата, пренесе Хина.

„Халк ТВ“ и „Теле 1“ се казнети со пет отсто од прометот во јануари и пет дена забрана за емитување на дневната програма. „Фокс ТВ“ доби казна од три отсто од прометот во јануари.

Трите мрежи се познати по тоа што ја критикуваат владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а „ТВ Халк“ е особено блиска до главната опозициска Народно-републиканска партија (ЦХП).

Опозицијата и независните медиуми ја критикуваат Владата за отсуство и слабата реакција во првите денови по земјотресот што беше со јачина од 7,8 степени според Рихтер.

Ердоган минатата недела призна дека има „неуспеси“ во организирањето на помошта, оправдувајќи се со силината на земјотресот.

-Нивната неспособност ги чинеше животите на десетици илјади наши сонародници“, рече претседателот на ЦХП Кемал Киличдароглу.

урција, која во октомври минатата година усвои закон со кој објавувањето „лажни вести“ се казнува до три години затвор, во 2022 година беше рангирана на 149-то место во однос на слободата на медиумите од 180 земји, соопштија „Репортери без граници“.

Треба да знаете
Последни објави