Клоп: Му подаривме на Реал пет гола, фала богу што не мора да играме против нив секоја недела

Ливерпул доживеа вистински дебакл на мечот со Реал Мадрид на „Енфилд“ во осминафиналето во ЛШ. Иако поведе со 2:0, следеше неверојатен пад и на крајот доживеа убедлив пораз од 5:2. Тренерот на „црвените“ Јурген Клоп со право беше разочаран.

-Прилично е јасно што се случи, му подаривме на Реал Мадрид пет погодоци, факт е дека можевме многу подобро да реагираме при секој од нив. Ако има позитивна работа, тоа е првото полувреме, без оглед на двата примени гола. Имавме добар разговор на паузата, а потоа го примивме и третиот гол, кој го промени целосно текот на мечот. Во второто полувреме се се одвиваше како што сакаа гостите, а Реал е тим што никогаш не простува. Мислам дека е решено. Но, за три недели, како што се приближува натпреварот… Ќе мора да ризикуваме, а тие се опасни таму. Ајде да одиме таму да победиме и ќе видиме. Реално? Не мора така да се браниме на другите натпревари, тие се еден од најдобрите тимови во светот и фала богу што не мора да играме против нив секоја недела, рече Клоп.

Германецот е дециден дека не смее да се дозволи овој неуспех да влијае врз завршницата од сезоната во Премиер-лигата.

„Јасно ми е зошто луѓето велат дека ова е голем удар, но во прашање е само еден резултат, пораз од кој можеме добро да научиме, изјави тренерот на Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави