Search

Директорот на ФЗО кој е на одмор додека системот е хакиран: Престојувам во САД, патувањето беше испланирано одамна

Генералниот директор на Фондот за здравство, Фатон Ахмети, кој додека е хакиран системот е отсутен од работа, сам се огласи да каже дека е во Америка. Тој посочува дека патувањето му било планирано пред неколку месеци. И сам признава дека го користи годишниот одмор, кој по падот на системот кој направи хаос во здравството, не го прекинал и не се вратил.

„Како последица на многубројните дезинформации и со цел правилно информирање на јавноста, принуден сум да објаснам едно прашање. Престојувам во САД, на покана на Стејт департментот на САД, на програмата IVLP. Патувањето е планирано пред неколку месеци. Не сум на годишен одмор во САД! За коректност кон институцијата во која дејствувам, го користам годишниот одмор а не можноста за службено патување. Мојот престој во САД е целосно финансиран од Стејт департаментот на САД. Ниту еден денар не е потрошен од државниот буџет! Во тек на целиот престој бев во контакт и синхронизиран за дејствувањата со колегите од ФЗО“, посочува Ахмети кој е втор директор покрај.

Директорката на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска-Грашкоска беше единствена од институцијата која го правдаше падот на системот, а не даде одговор скоро на ниту едно прашање од ИТ сверата во однос на што е направено за справување со хакерскиот напад. Пред неколку дена на боледување замина и директорот на ИТ-секторот во Фондот за здравствено осигурување.

„На овој човек поради големиот стрес и притисок му се влоши здравствената состојба и замина на боледување пред неколку дена“, рече директорката пред новинарите.

Треба да знаете
Последни објави