Џолев без коментар за новите судии и јавни обвинители

На брифинг со новинарите,претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, говореше за новите судии и обвинители, кои имаат тесни врски со сегашни и поранешни челници во судско-обвинителскиот систем.

„Јас навистина немам надлежност да правам анализа околу кандидатите, околу тие кои ќе бидат избрани за идни судии и обвинители, чии деца, не навлагам. Се надеваме дека ќе биде стручен и добар кадар“, додаде Џолев.

Џолев, не сакаше да коментира за тоа што децата и снаите на политичарите ќе донесат во правосудниот систем но се надева на квалитетно работење.

Прашан дали би сакал некој од идните судии да суди во судот под негова надлежност, не одговори и рече: „Хипотетичко прашање е дали сакам просечната плата да биде 1000 евра. Вие и го поставувате прашањето, на некој начин го давате одговорат. Сите знаеме каков треба биде одговорот“.

18 проценти од положените кандидати, кои се идни судии и обвинители, се синови, ќерки, снаи и сопруги на актуелни политичари, сегашни и поранешни судии и обвинители. Ова го покажува јавно објавената ранг-листа на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“.

Од политичкиот свет иден судија или обвинител ќе биде Барлет Џафери, син на Талат Џафери – претседател на Собранието. И Билјана Иванова, снаа на Цветанка Иванова, која е собраниска генерална секретарка, котира високо на ранг-листата и ќе извршува функција во правосудниот систем. Во оваа листа го има и името на Симона Муцунски-Бубевска, сопруга на Тимчо Муцунски – градоначалник на Аеродром.

Инаку во март минатата година беше разотктиено дека во канцеларија на Правниот факултет во Скопје, која ја користела фирмата „Инвока“, која е поврзана во случајот на поранешниот генерален секретар Рашковски, пронајден е софтверот за прашањата за полагање на испитот за судии и јавни обвинители од Академијата за судии и јавни обвинители.

Треба да знаете
Последни објави