Search

Трибина за Договорно производство на бессемена лубеница во четврток во Свети Николе

Во организација на АГРОТИМ, во четврток (23 февруари 2023 г.) во Свети Николе ќе се одржи трибина на тема – Договорно производство на бессемена лубеница и промоција на новата Програма за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година.

Идејата за договорното производство на бессемена лубеница е на компанијата „Fresh line“ која ќе врши откуп на лубеницата по однапред утврдена цена од 10 денари за килограм. Оваа откупна цена ќе биде загарантирана со самиот договор, но може да биде и повисока зависно од моменталната цена на берзата во време на берба, велат од компанијата.

Исто така земјоделските производители ќе добиваат регрес семе, а ќе имаат и поддршка во едукација и други сугестии во текот на производството.

Се работи за производство на бессемена лубеница мини од 1-2,5 кг. и миди од 2,5-6 кг. Пласманот е обезбеден на странските пазари.

Ги покануваме сите заинтересирани земјоделци во Општинската сала во Свети Николе во 18.30 часот на средба на која директно од откупувачите ќе имаат можност да се запознаат со сите услови за соработка.

На трибината ќе бидат присутни и претставници од консултантската фирма Агротим кои ќе ги информираат земјоделските производители и за очекуваниот повик 10 000 евра и условите кои треба да се исполнат за да може да се аплицира за грант од 10 000 евра.

Очекуваме конструктивна и едукативна средба на која ќе се одговори на многу прашања и дилеми на земјоделците и многу други корисни информации на тема ИПАРД, мерките Млад земјоделец, Рурална жена и останати мерки на Владата.

Треба да знаете
Последни објави