Разурнати згради, затрупани луѓе: Се трага по преживеани во турскиот град Хатај

Невидени снимки од синоќешниот силен земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Разурнати згради, затрупани луѓе…

Се трага по преживеани по синоќешниот силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Во потресот загинаа вкупно 11 луѓе, а над 300 се повредени.

Од страв да не бидат затрупани под урнатиноте, луѓето бегале и скокале од прозорци, некои имале и срцев удар. Земјотресот предизвика паника кај жителите кои веќе поминаа хорор по првиот земјотрес.

Треба да знаете
Последни објави