Промоција на публикацијата „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“

Публикацијата „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ од авторките Василка Димитровска, Душица Брачиќ и Ленче Димовска во издание на ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција на културата, денеска ќе биде промовирана онлајн на страниците на ХАЕМУС на социјалните медиуми.

Автор на илустрациите е Бисера Наумовска.

Промоцијата на „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ претставува вовед во претстојната јубилејна десетта по ред традиционална манифестација „Среќна Баба Марта 2023“ во организација на ХАЕМУС.

Публикацијата е изработена со кофинансиска поддршка од Министерството за култура, како проект поддржан на Годинешниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2022 година. 

Треба да знаете
Последни објави