Search

Ѓукановиќ во посета на Софија: Црна Гора и Бугарија ги поврзува сојузништво

Освен долгите историски врски и пријателство, Црна Гора и Бугарија се поврзани со актуелно сојузништво и, веруваме, наскоро и со заедничка европска иднина, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за време на неговата официјална посета на таа земја. – Црна Гора е многу благодарна на Бугарија за поддршката за европскиот пат на земјата, рече претседателот Ѓукановиќ на заедничката прес-конференција со шефот на бугарската држава Румен Радев во Софија. 

Според него, Бугарија и Црна Гора имаат многу добро развиени односи. 

Тој додаде дека денешната посета е продолжение на честиот политички дијалог меѓу двете пријателски земји.  Кабинетот на црногорскиот претседател соопшти дека Ѓукановиќ бил пречекан со највисоки воени и државни почести на плоштадот Свети Александар Невски, по што положил венец на гробот на Непознатиот војник во Софија.

„Претседателите Ѓукановиќ и Радев имаа тет-а-тет разговор, кој продолжи на средбата на делегациите на Црна Гора и Бугарија“, се наведува во соопштението.

Од своја страна, Радев ги истакна добрите билатерални односи и споделувањето исти вредности.

– Бугарија и Црна Гора категорично ја осудуваат руската агресија во Украина, изјави Радев. 

Според него, денешната посета е јасен израз на одличниот дијалог меѓу двете земји.  

-Бугарија отсекогаш била особено силен поддржувач на европскиот пат на Црна Гора, рече Румен Радев. ссм/

Освен долгите историски врски и пријателство, Црна Гора и Бугарија се поврзани со актуелно сојузништво и, веруваме, наскоро и со заедничка европска иднина, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за време на неговата официјална посета на таа земја.

– Црна Гора е многу благодарна на Бугарија за поддршката за европскиот пат на земјата, рече претседателот Ѓукановиќ на заедничката прес-конференција со шефот на бугарската држава Румен Радев во Софија. 

Според него, Бугарија и Црна Гора имаат многу добро развиени односи. 

Тој додаде дека денешната посета е продолжение на честиот политички дијалог меѓу двете пријателски земји.  Кабинетот на црногорскиот претседател соопшти дека Ѓукановиќ бил пречекан со највисоки воени и државни почести на плоштадот Свети Александар Невски, по што положил венец на гробот на Непознатиот војник во Софија.

„Претседателите Ѓукановиќ и Радев имаа тет-а-тет разговор, кој продолжи на средбата на делегациите на Црна Гора и Бугарија“, се наведува во соопштението.

Од своја страна, Радев ги истакна добрите билатерални односи и споделувањето исти вредности.

– Бугарија и Црна Гора категорично ја осудуваат руската агресија во Украина, изјави Радев. 

Според него, денешната посета е јасен израз на одличниот дијалог меѓу двете земји.  

-Бугарија отсекогаш била особено силен поддржувач на европскиот пат на Црна Гора, рече Румен Радев.

Треба да знаете
Последни објави