Галтие: Згуснатиот распоред со натпревари виновен за повредата на Нејмар

Причина за најновата повреда на фудбалскиот интеренционалец Нејмар е згуснатиот распоред натпревари, изјави денеска тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, ден откако Бразилецот предвреме го напушти мечот против Лил (4-3) во рамки на 24. коло во француското првенство.

Нејмар го повреди скочниот зглоб при дуел со противничкиот играч Бенјамин Андре и на носилки беше изнесен од теренот на почетокот на второто полувреме.

„Ова не е несреќа. Секогаш постојат причини за повреда, а во овој случај тоа е густиот распоред, односно серијата натпревари“, изјави Галтие.

Од ПСЖ најавија дека Нејмар во следните два дена ќе биде подложен на дополнителни прегледи за со се утврди степенот на повредата.

Треба да знаете
Последни објави