Search

Тимчо со напад на Град Скопје и ЈП Лајка, само им даваме пари а ништо не работат

Градот Скопје и градското претпријатие „Лајка“ немаат стратегија за справување со уличните кучиња, за што говори и последното видео кое во текот на вчерашниот ден беше објавено во дел од медиумите изјави Муцунски.

Ние, како локална самоуправа во изминатиот период одвојуваме значителни средства од сопствениот буџет кои се префрлаат во буџетот на Градот Скопје, со цел ефикасно справување со овој проблем. Во неколку наврати, од моја страна е побарано градската администрација да преземе мерки за решавање на овој проблем. За жал, секојдневните коментари, фотографии и снимки од теренот покажуваат дека тие не успеваат да најдат решение за овој проблем кој целосно е во нивна надлежност.

Јас и понатаму стојам на ставот дека неопходно е градот да изнајде соодветно решение за третирање на уличните кучиња и тоа мора да се направи веднаш. Доколку актуелното раководство на Град Скопје во следниот период не успее да изнајде решение, Општина Аеродром ќе ја преиспита одлуката со која се одвојуваат средства за оваа намена.

Искрено жалам за сите непријатности со кои се соочуваат граѓаните и токму поради тоа уште еднаш барам Градот Скопје итно преземе мерки за соодветно решавање на овој проблем, кој за жал секојдневно ескалира.

Глутница кучиња нападна домашен миленик и маж кој го шеташе на поводник во скопската населба Аеродром. Од вознемирувачката снимка, која ја добија повеќе портали, се гледа како сопственикот беспомошно се обидува да го спаси своето куче од глутницата, со викање, тргање и мафтање, додека тие го напаѓаат.

– Му го изедоа кучето на човекот, ексик веќе! – се слуша на снимката.

Треба да знаете
Последни објави