Search

Терористички напад на полициска станица во Пакистан, двајца загинати

Во напад на исламистите врз полициска станица во јужниот пакистански град Карачи, загинаа две лица, а исламистите беа убиени по пукање и серија силни експлозии.

Безбедносните сили ја презеле зградата по неколку часа и убиле четворица милитанти, изјави владиниот портпарол. Полициските командоси и службата за деактивирање бомби влегле во зградата.

Две лица загинаа, а 11 се ранети. Внатре во станицата се слушна силна експлозија по серија помали кога зградата беше нападната. Во зградата се сместени канцелариите на највисоката градска полиција.

Одговорноста за нападот ја презедоа пакистанските талибанци. Заменик генералниот инспектор Ирфан Балоч изјави за „Ројтерс“ дека во моментот на нападот можело да има до 30 полицајци во станицата.

Треба да знаете
Последни објави