Search

Индија го критикува Сорос: Тој е стар, богат, тврдоглав и опасен

Индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар изјави дека е потребна дебата за демократијата и ја отфрли изјавата на унгарско-американскиот инвеститор Џорџ Сорос дека индискиот премиер Нарендра Моди не е демократ.

Џаишанкар рече дека Сорос е „стар, богат, тврдоглав и опасен“ и не може да го препознае тешкиот пат на Индија уште од колонијалните времиња.

Во говорот пред Минхенската безбедносна конференција, Сорос го критикуваше индискиот премиер, тврдејќи дека Индија е демократска држава, но дека Моди не е демократ.

Џаишанкар рече дека индиските гласачи одлучиле како треба да функционира земјата и дека Њу Делхи ги знае опасностите од надворешно мешање бидејќи Индија поминала низ колонијализам, објави Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави