Search

Директорот на ДПИ ги потсети фирмите дека им остануваат уште десет дена да ги намалат цените

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски – Штраус на својот фејсбук напиша статус со кој ги потсетува фирмите кои добија поевтина струја од државата дека имаат рок од уште десет дена да ги намлат цените.

-Фирмите кои добија поевтина струја од државата имаат рок уште 10 дена да ги намалат цените. Во спротивно, владата ќе им ги укине субвенциите, а парите наменети за оваа мерка ќе им ги даде на граѓаните. Државниот пазарен инспекторат веќе работи на извештајот кој ќе покаже кој ќе остане без поволноста да плаќа 80 евра за мегават потрошена електрична енергија. Од над 200 производители на основни прехранбени производи, само мал дел ги намалија цените, и тоа за денар или 2. На прсти се бројат и компаниите чии производи поевтинија од 7 до 13 отсто.

Државниот пазарен инспекторат на терен проверува дали трговците ги почитуваат законите. За 10 дена казнети се 150, кои треба да платат 86 илјади евра.

Треба да знаете
Последни објави