Атсу постигна гол кој го плати со живот

Фудбалскиот свет почна да се збогува со Кристијан Атсу (31), кој беше пронајден мртов по двонеделна потрага поради страшниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Турција.

Да биде трагедијата поголема играчот требало да ја напушти Турција само неколку часа пред земјотресот и да му се придружи на семејството во Франција.

Сепак, тој одлучи да остане откако постигна гол во судиското надополнување на натпреварот на Хатајспор во Суперлигата против Касимпаша на денот на земјотресот.

– Купил билет за да лета за Истанбул, а од таму за Франција. Имаше намера да бара клуб за да добие поголема минутажа – изјави за турските медиуми претседателот на клубот Фатих Илек и додаде:

Тој одигра одлично во својот последен натпревар, постигнувајќи го победничкиот гол во последната секунда. Затоа беше толку среќен по последниот свиреж на судијата. Тој реши да се откаже од потрагата по нов клуб бидејќи сакаше да остане со соиграчите поради толку добрата игра.

Атсу, поранеен играч на Челзи и на Њукасл беше женет со Мари-Клер Рупио со која имаа три деца. Неговиот постар брат и сестра близначка беа присутни на извлекувањето на неговото тело, а сега ќе биде пренесен во Гана за да биде погребан во својата татковина.

Треба да знаете
Последни објави