Стефковски: Гази Баба ја живее обновата 

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска беше во посета на населено место Булачани, каде што во моментот се одвиваат градежни активности за асфалтирање улици.

„Нема поубаво чувство од тоа кога знаеш дека со тоа што го правиш денес, оставаш зад себе среќни и задоволни луѓе. Бев во посета на улица 7 во Булачани, која по подолго време конечно добива асфалт. Голем број на семејства од овој дел на Булачани, повеќе нема да газат во кал.
Општина Гази Баба оваа година за асфалтирање на локални улици определи над еден милион евра, средства од буџетот на општината. Сум дал збор пред граѓаните и од тоа не бегам. На крајот од мојот мандат во општина Гази Баба нема да има неасфалтирана улица, рече Стефковски.

Треба да знаете
Последни објави