Search

СДСМ: Нема спас за криминалците, пропадна обидот на ВМРО-ДПМНЕ за ништење на правната држава

Со Одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, апликациите на поранешните функционери на ВМРО-ДМПНЕ, на кои поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се обиде да им даде незаконски помилувања, се прогласени за недозволени.

Незаконската аболиција со која Иванов се обиде да го сруши правниот поредок за да заштити криминалнци од одговорност пропадна.

ВМРО-ДПМНЕ изгуби, а нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен.

Пред домашните судови продолжуваат сите предмети, а независната судска власт има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доведе до крај кривичните постапки кои се предмет на пресудата.

Владеењето на правото и правната држава во која одговорност пред законите е еднаква за сите остануваат врвни приоритети на СДСМ во градењето праведно и правично оштество.

Продолжуваме со спроведување на потребните реформи кои ќе обезбедат уште поголема независност и професионалност на правосудството.

Треба да знаете
Последни објави