Search

Пронајдени 18 мртви мигранти во камион во Бугарија

Најмалку 18 мртви тела на мигранти се пронајдени во Бугарија, во напуштен камион во село во близина на Софија, соопшти денеска бугарското МВР.

„Според првичните информации, камионот превезувал илегални мигранти, вкупно околу 40 лица, кои се криеле на скришно место под дрвата што биле превезувани“, соопшти Министерството, пренесе Ројтерс.

Преживеаните се префрлени во болница, за да им биде укажана лекарска помош, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави