Search

МЗТ Скопје преку ТФТ до финалето во Купот на Македонија

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе играат во финалето на македонскиот куп „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако во првото денешно полуфинале го растури и му наплати со камата на актуелниот бранител на трофејот ТФТ (102:61) за поразот во минатогодишното финале.

Аеродромци вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје имаа своевидно шутерско шоу кое веќе на полувремето им донесе предност од 22 разлика (53:31).

Дури шест кошаркари во победничкиот тим имаа двоцифрен број поени. Од нив најмногу постигна капитенот Дамјан Стојановски – 18. Во тимот од скопската населба Тафталиџе се истакна Џермејн Бишоп со 15 поени.

Во второто полуфинале вечерва ќе играат Пелистер и Феникс. 

Треба да знаете
Последни објави