Search

Зеленски: Украина нема да биде последната станица на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е „очигледно“ дека Украина нема да биде последната станица на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин и дека е од витално значење Западот да не ја одложи испораката на оружје за да помогне во одвраќањето на руските сили.

Украинскиот претседател во видеообраќање на конференцијата за безбедност во Минхен рече дека додека Западот преговара за испорака на тенкови во Киев, Кремљ размислува за начини да ја „задави“ поранешната советска република Молдавија, која се наоѓа западно од Украина.

„Очигледно е дека Украина нема да биде неговата последна станица. Тој ќе го продолжи своето движење до крај…вклучувајќи ги и сите други земји кои во одреден момент беа дел од советскиот блок“, рече Зеленски.

Тој го повика Западот да одржува брза испорака на оружје.

„Одложувањето отсекогаш било и се уште е грешка“, рече украинскиот претседател.

Инвазијата на Украина започна на 24 февруари минатата година. Илјадници луѓе загинаа, милиони беа раселени, а градовите беа уништени.

Поради инвазијата, беа воведени бројни санкции кон Русија.

Минхенската безбедносна конференција, годишен собир на водечки политичари, воени офицери и дипломати, ќе трае до 19 февруари.

Треба да знаете
Последни објави