Search

Зголемен број патници на грчките аеродроми во јануари

За 76,3 отсто се зголемил бројот на патници на грчките аеродроми во јануари годинава, во споредба со истиот период лани, согласно податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција.

Бројот на патници (пристигнувања и заминувања) достигнал до 2.202.735, наспроти 1.249.387 во јануари 2022 година, а зголемување има споредбено и со првиот месец од 2019 година.

Паралелно зголемен е и бројот и летови од и кон грчките аеродроми, од 18.218 во 2022 на 22.176 летови во јануари годинава

Треба да знаете
Последни објави