Search

Вучиќ со Макрон и Шолц: Со најодговорните луѓе на ЕУ за дијалогот со Приштина

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Минхенската безбедносна конференција се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар, Олаф Шолц.

„Сериозна и коректна средба со најодговорните луѓе на ЕУ за процесот на дијалог со Приштина, француско-германскиот план и нашите билатерални односи“, порача претседателот Вучиќ на Инстаграм.

На отворањето на Минхенската безбедносна конференција, Вучиќ се сретнал и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли и грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.

Треба да знаете
Последни објави