Search

Феномен: После 11 дена во урнатините во Турција извлечени две лица живи

Спасувачите се уште трагаат по можни преживеани од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција пред 11 дена, а две лица денеска беа пронајдени живи откако единаесет дена поминале во урнатините.

После 260 часа минати во урнатините во Хатај (Турција), спасено е 10-годишното момче по име Осман.

Во изјавата за медиумите еден член на спасувачката екипа изјави „слушањето на неговиот глас ги развесели сите. Тоа беше извор на надеж за нас“.

Во провинцијата Караманмарас извлечена е жена (42) која преживеала 257 часа под урнатините

Во земјотресот во Турција загинаа 36.187 луѓе, додека 108.000 луѓе беа повредени.

Според турската Агенција за вонредни ситуации и катастрофи (АФАД) на терен работат повеќе од 253.000 спасувачи.

Треба да знаете
Последни објави