Search

Србин во Германија ја убил сопругата на Денот на вљубените, па си пресудил

Германската полиција го истражува страшното злосторство што се случи во Келн на 14 февруари. Во стан се пронајдени безживотни тела на маж и жена, а медиумите јавуваат дека се државјани на Србија.

Според „Курир“, пронајдено е телото на Ќ. И. (42). Се претпоставува дека ја убил сопругот М. И. (43), родум од Мајданпек, а потоа се самоубил.

Соседите на брачната двојка наводно рекле дека мотив за злосторството би можело да бидат лошите односи во бракот и дека несреќната жена имала намера да го остави.

Полицијата соопшти дека истражува дали нарушените семејни односи биле мотивот за делото, пренесе „Телеграф.рс“.

Треба да знаете
Последни објави