Search

Поцкова: Реконструкцијата на Владата е само за продолжување на крминалните тендери

„Втора реконструкција на Влада за само три години од 2020-та година, која е коалиција за спас на Влада на СДСМ и ДУИ и продолжување на рокот за криминали, тендери, нови порази за Македонија и сето тоа под параванот за влез во Европската Унија и Европска иднина на државата. Во суштина нема да се промени ништо се ќе продолжи по старо со оваа нова коалиција со Алијанса за Албанците затоа што оваа Влада од 365 дена Влада 365 дена скандали и афери”, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јадранка Поцкова на денешната собраниска седница.

Таа додаде дека 72% од граѓаните во Република Македонија сметаат дека Република Македонија се движи во погрешна насока и граѓаните не веруваат во оваа корумпирана Влада, судството и во обвинителството.

„Се поставува прашањето дали влезот на Алијанса за Албанците во Владата ќе го подобри животниот стандард, образованието, здравството, правосудството и обвинителството? За толку кратко време со ваква корумпирана и криминална Влада тешко дека ќе може да се направи нешто”, рече Поцкова.

Поцкова посочи дека здравствените политики треба да бидат приоритет на Владата во државата, пред се друго.

„Цената на владеењето од Ковачевски стана премногу висока и истата се карактеризира со губење на човечки животи. Ковачевски и оваа Влада не смеат да дозволат да згасне човечки живот и не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек”, кажа Поцкова.

Таа потенцираше дека Благојче Илиевски е жртва на системот и на бирократските процедури кој прерано почина.

„Благојче Илиевски е жртва на системот кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради бирократските процедури почина прерано чекајќи го лекот „Трикафта”. Според Ковачевски тешката бирократија била виновна и следи префрлање на вината од едни на други, а само за информација и за негово потсетување потсетување Ковачевски е на чело на таа бирократија која ја нарекува и тешка и виновна”, децидна е Поцкова.

Треба да знаете
Последни објави