Search

Бакраческа: Наместо разрешување на министри, потребно е разрешување на Ковачевски

Наместо да разрешуваме членови од Владата, треба да ја разрешиме цела Влада, рече Грација Бакраческа, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за разрешување на министри.

„Ветувавте европско здравство, бесплатно здравство, а се соочивме со ситуација да нема лекови за канцер, за цистична фиброза, нема соодветна апаратура, пациентите со месеци чекаат за специјалистички прегледи”, кажа Бакраческа.

Пратеничката наведе дека е заборавен и клучниот сегмент а тоа е превентивата.

„Ја заборавија и превентивата, нема ништо од рана дијагностика, да се намали процентот на болни од канцер. Ако се направи превенција сите ќе имаат добивка. А во ваква ситуација како што има сега, каде нема простор ниту за превенција, уште помалку за лечење, цената ја плаќаат граѓаните. Но, за луксузирања секако има пари”, вели Бакраческа. 

Дополнително, додаде таа, во една вака лоша ситуација заминува медицинскиот персонал.

„Значи нема медицински персонал, нема лекови, нема апартура, нема термини за прегледи, ама има уништено јавно здравство а со тоа на граѓаните им се ускратува основното право на лекување. Затоа нема простор за реконструкција на Влада, туку потребни се избори и нова влада”, заклучи Бакраческа.

Треба да знаете
Последни објави