Писториус: Земјите од НАТО треба да одвојат минимум два отсто од БДП за одбрана

Земјите од НАТО треба да потрошат минимум два проценти од својот бруто домашен производ за одбрана, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус пред состанокот на Алијансата во Брисел.

„Трошењето само за два проценти нема да бидат доволно. Тоа треба да биде само основа за сè друго. Германската Влада моментално расправа за ова прашање и наскоро ќе постигнеме согласност за тоа“, рече Писториус.

Украина ги повика сојузниците да го забрзаат доставувањето воена помош. Русија соопшти дека пробила две одбранбени линии на Украина на источниот фронт.

Треба да знаете
Последни објави