Search

Огромна трагедија за фудбалер на Нант: Почина неговата петгодишна ќерка

На фудбалерот на Нант, Игнатуис Ганагo, му се случи огромна трагедија пред мечот со Јувентус во Лигата на Европа. Неговата петгодишна ќерка починала, а тажната вест ја објави клубот Нант, кој му искажа поддршка во најтешките моменти.
„Со длабока тага дознавме за смртта на ќерката на нашиот напаѓач Игнатуис Ганаго. Многу мислиме на тебе Гана, клубот е со вас во ова тешко искушение“, истакна Нант во соопштението.
Ганаго веднаш отпатувал во Камерун штом дознал дека неговата ќерка е сериозно болна, но девојчето набрзо починало. Тој ќе го пропушти натпреварот против Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави