Search

Новинарка осудена на шест години затвор поради осуда на руската инвазија врз Украина

Судот во Русија ја осуди руската новинарка Марија Пономаренко на шест години затвор поради осуда на Инстаграм на офанзивата врз Украина.

Пономаренко (44) е прогласена за виновна за „ширење на лажни информации“ за армијата, соопшти рускиот Истражен комитет, кој ги води главните кривични истраги во Русија.

Тоа кривично дело е воведено по руската инвазија врз Украина и неколку пресуди се донесени за јавно критикување на нападот и се изречени затворски казни.

Новинарката Понамаренко е осудена од Судот во Барнаул, во сибирскиот Алтајски регион, каде работеше за порталот „РусЊуз“. Таа беше уапсена во април минатата година во Санкт Петербург, а потоа беше префрлена во Барнаул. Нејзиниот адвокат тврди дека и била влошена психичката состојба во притвор и барала да биде сместена во психијатриска болница.

Невладината организација ОВД-Инфо соопшти дека Пономаренко е кривично гонета бидејќи во март 2022 година, непосредно по почетокот на рускиот напад на 24 февруари, објавила порака на социјалната мрежа Инстаграм во која го осудува бомбардирањето на театар во украинскиот град Мариупол. 

Треба да знаете
Последни објави