Search

Арсовска на состанок со претставниците на синдикатите на пожарникарите

Градоначалничката на градот Скопје Денела Арсовска, одржа работен состанок со претседателот на Синдикатот на пожарникарите, Тони Бошковски и генералниот секретар на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија Боби Вељаноски, на кој се разговараше за унапредување на условите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, за обуки и опрема за пожарникарите кои се неопходни за зголемување на нивната подготвеност за интервенции, како и за бројни други мерки неопходни за подобра функционалност. 

-Пожарникарите се хероите на нашиот град, кои секогаш будно следат и брзо делуваат во заштита на нашата безбедност и сигурност. Правата на припадниците на бригадата се унапредија минатата година со исполнување на барањето бодувањето од правилник за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што се заштитија законските права на скопските пожарникари, напиша Арсовска на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави