Search

Фотографија што ја предизвикува секоја емоција: син се радува на извлекувањето на мајка му од рушевините

Од Турција и денес стигаат емотивни фотографии кои ја враќаат насмевката на лицето. Една од нив е онаа на која синот слави откако спасувачите по повеќе од една недела жива ја извлекле неговата мајка од урнатините.

Имено, иако шансите некој да биде пронајден жив значително се намалуваат од час во час, неколку луѓе беа спасени по повеќе од една недела по страшниот земјотрес.

Едни од најемотивните фотографии доаѓаат од Хатај, провинцијата каде што спасувачите извлекоа жива жена од урнатините на станбена зграда. Нејзиното име е Серап Донмез, а особено впечатливи се фотографиите на кои нејзиниот син го слави спасувањето.

Покрај неа, извлечено е и девојчето Миреј од јужниот град Адијаману. Таа била пронајдена жива во урнатините на зградата и 178 часа по земјотресот. „Си-Ен-Ен Турк“ јави дека девојчето има шест години и оти спасувачите се блиску до извлекување на нејзината постара сестра од урнатините.

Уште една жена, 70-годишната Нурај Гурбуз, денеска е пронајдена жива во Хатај, 178 часа по земјотресот

Треба да знаете
Последни објави