Search

Пратеникот Лефков ги правда патните трошоци: Сами менуваме гуми, сами ги регистрираме возилата

Во оваа владина реконструкција се влегува со единствена цел, да се заштити позицијата на власта. За жал имаме една криминална влада која се занимава само со распродавање, без разлика дали се тоа национални интереси или криминални тендери. Гледаме како неизбран премиер предлага реконструкција на влада. Практично хаосот од извршната власт се пренесува во Собрание, ова во интервју за „Макфакс“ го истакнува Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме министри, оценува Лефков кои се разрешуваат и се именуваат исклучиво на коалициони средби и за задоволување на тесно партиски интереси.

„Апсолутно нема да гласаме „ЗА“, имаме катастрофални предлози“, потенцира тој.

„Најкатегорично ќе речам дека нема да гласаме за Уставот“, вели Лефков додавајќи дека треба да се стави крај на можноста од купување и пазарење со пратениците.

„На цела нечесност да ја додадеме уште и можноста за уценување, купување или пазар со пратениците, мислам дека не ни треба тоа, дури ниту како тема. Ваква промена на Уставот нема да дозволиме. Од оние што ја водат државата да бидеме сериозно сфатени и да престанат со приказните за вршење на одреден притисок на пратеници, затоа што тоа е навистина понижувачко.

Во Македонија терминот пратеник асоцира на патни трошоци, нагласува Лефков.

„Немаме службени возила, пратениците сами си ги одржуваат возилата, сами менуваат гуми, сами менуваат опрема, сами ги регистрираат. Владата е попривилигирана“, појаснува Лефков, правдајќи ги парите од патните трошоци за пратениците.

Дали уште се во „љубов“ со Левица, има ли пазар меѓу пратениците за уставните измени, за можна коалциција со ДС, Беса и Алтернатива, за висината на пратеничката плата, дали има злоупотреба на патните трошоци и слично, во интервју за „Макфакс“ одговара пратеникот Миле Лефков.

Треба да знаете
Последни објави