Search

ЕВН Хоме: Исклучувањето на корисниците се користи само како крајна мерка

ЕВН Хоме секогаш го користи исклучувањето на корисниците само како крајна мерка, реагираат од компанијата откако директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов апелираше до ЕВН и до управителите на зградите да не се повтори исклучување на струја во висококатниците, бидејќи постои можност да дојде до несакани последици за луѓето кои би останале заглавени во лифтовите, , откако утринава била исклучена струјата во кулата Б на Џевахир скај сити во Скопје.

-Во врска со исклучувањето на заедничката потрошувачка во кулата Б од Џевахир, до сопственикот на броилото навремено било испратено опомена пред исклучување. Законска обрска на управителите на зградите, а особено на такви висококатници, е да имаат обезбедено агрегат за лифтовите, бидејќи прекини во снабдувањето може да настанат од повеќе причини.  ЕВН жали за настанатата ситуација, но компанијата е надлежна само во делот на мрежата до броилото. ЕВН не во позиција да се вмеша во внатрешното менаџирање на висококатниците, велат од компанијата.

Треба да знаете
Последни објави