Search

Шефицата на Еврокомисијата вети дополнителна поддршка за Турција во разговорот со претседателот Ердоган

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети дека ќе ја зајакне помошта за Турција додека земјата се бори со последиците од разорниот земјотрес од минатиот понеделник.

Во вчерашниот телефонски разговор Фон дер Лејен му соопшти на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека „Комисијата ќе мобилизира дополнителна поддршка и ќе одговори на последното барање на Турција за поголем капацитет за засолништа – особено шатори, ќебиња, греалки“, пренесува Си-ен-ен.

 Фон дер Лајен го пренесе своето „најдлабоко сочувство и сочувството на Европската Унија за катастрофалната загуба на животи и уништување предизвикани од неодамнешниот земјотрес“, се додава во соопштението од Брисел, лиферувано по разговорот.

ЕУ се надева дека ќе обезбеди дополнително финансирање за Турција и Сирија за време на донаторската конференција што ќе се одржи во март во Брисел.

Во минатонеделното соопштение, Унијата информираше дека нејзината операција во погодените региони е една од „најголемите досега операции за пребарување и спасување“ извршени преку нејзиниот механизам за цивилна заштита. Вкупно 21 земја-членка на ЕУ и три земји-учеснички досега понудиле 38 тимови за одговор, составени од 1.651 лице и 106 кучиња за потрага и спасување.

Треба да знаете
Последни објави