Search

Творецот на чудото наречено Динамо Загреб се збогува од фудбалот!

Некогашниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, кој од овој клуб направи балканско чудо, редовен учесник во завршниците на ЛШ и Лига Европа и машина за правење пари од продажна на играчи, изјави дека дефинитивно се повлекува од клубот, хрватската репрезентација, но и фудбалот во целост. Контроверзниот бизнисмен одлуката ја донел набрзо по смртта на легендарниот фудбалски стратег Мирослав – Чиро Блажевиќ.

-Денеска се збогувам од Динамо и од хрватскиот фудбал, а да не беше смртта на Блажевиќ ќе одржев и специјална конференција за новинарите. Емотивно никогаш нема да се откажам од Динамо, кој е мојот живот, но што се однесува до мојата работа и учеството во било какво раководство, тоа е апсолутно минато. Може да се каже дека секаков мој ангажман во Динамо е завршен. И не се збогувам само со Динамо, туку и со фудбал општо. Ќе бидам само навивач. Моето пензионирање од фудбалот е конечно. Без разлика што мојата ситуација е специфична и што сум во БиХ последние пет години, пак можев многу да му помогнам на Динамо и на хрватскиот фудбал. Но, некои луѓе кои ги создадов мислат дека се многу подобри од мене, дека не им требам, па зошто да се туркам таму. Никому не му забележувам ништо, а не се чувствувам предаден. Меѓутоа, не сакам да учествувам повеќе во никакви активности во Динамо и во хрватскиот фудбал, изјави Мамиќ.

Здравкои неговиот брат Зоран Мамиќ, кој во неговото владеење со „модрите“ беше тренер на клубот, во Хрватска се правосилно осудени на шест ипол односно четири години затвор поради финансиски малверзации поврзани со Динамо. Двајцата од 2018 година живеат во БиХ од каде што не можат да биде екстрадирани во матичната држава.

Треба да знаете
Последни објави