Search

Танкер со нафта исплови од турското пристаниште Џејхан за прв пат по земјотресот

Танкерот „Нордлотус“ исплови денеска од турскиот центар за извоз на нафта во пристанишниот град Џејхан, натоварен со нафта од Азербејџан, што е првпат танкер со нафта да исплови по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.

Танкерот „Алфа Балтика“, кој превезува и азербејџанска нафта, денеска бил забележан на нафтениот терминал „Ботас Џејхан“.

Земјотресите што го погодија тој регион ги запреа операциите за извоз на нафта во Џејхан, каде танкери се натоварени со нафта од Азербејџан и северен Ирак.

Нафтоводот од Ирак до Џејхан повторно почна со работа на 7 февруари, кога танкери беа натоварени со ирачка сурова нафта за прв пат по земјотресот. 

Треба да знаете
Последни објави