Search

Рускиот извоз на оружје во Индија надмина 13 милијарди долари за пет години

Извозот на руско оружје и воена опрема во Индија надмина 13 милијарди долари во последните пет години, изјави директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугајев во пресрет на изложбата „Аеро Индија 2023“.

Тој рече дека Русија останува еден од клучните играчи на индискиот пазар на оружје.

Изложбата „Аеро Индија 2023 година“ се одржува во Бангалор од 13 до 17 февруари, а Русија, како што е најавено, на таа манифестација ќе презентира околу 200 видови оружје и воена опрема. 

Треба да знаете
Последни објави