Search

Канзас Сити по пресврт го освоија 57. Супербоул

Канзас Сити Чифс со победата над Филаделфија Иглс со 38:35 го освоија 57. издание на Супербол. Спектакуларниот меч во Аризона му припадна на тимот на Канзас, кој со голем пресврт го надигра фаворизираниот ривал од Филаделфија.

Ова беше прв судир меѓу бековите, Патрик Махомес и Џејлен Харст, но проклетството конечно е скршено. МВП на сезоната конечно го освои Суперболот. За прв пат во овој век. Таа чест му припадна на Патрик Махомес, кој постигна хет трик.

Покрај титулата МВП на сезоната и трофејот Ломбарди, гардот на Канзас Сити Чифс ја доби и титулата МВП на последниот натпревар. Сепак, на овој натпревар тој беше најзаслужен за пресвртот, а натпреварот заврши со три фрлени тачдауни и истрчани 182 јарди .

Иглс на полувреме имаа предност 14:24, Канзас водството го презеде во третата четвртина (28:27), а во последните пет минути од мечот ја сочува предноста. Победата ја обезбедија на 11 секунди до крајот на спектакуларното финале.

Сепак, одлуката на еден судија предизвика многу контроверзи и дискусии, поточно интензитетот на фаулот на Џејмс Бредбери кој го задржа Смит-Шустер.

– Раката на грбот не влијаеше на неговото движење! Овој натпревар беше премногу добар за таа одлука да одлучи на крајот. По ѓаволите! Инаку, не навивам за никого, тоа е само мое професионално мислење – објави на Твитер познатиот кошаркар на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс.

Спортскиот подкастер од Филаделфија, Виктор Вилијамс отиде чекор понатаму и ја нарече одлуката „најлошата во историјата на Супер Боул“.

Сепак, Бредбери го призна прекршокот.

– Го држев. Го повлеков дресот и ми го доделија. Се надевав дека ќе го пуштат – рекол Бредбери, чии зборови ги потврдила и снимката на тој детаљ.

Судијата Карл Чеферс по натпреварот објасни дека се работи за чисто држење за дресот и тврди дека одлуката е оправдана.

Сепак, многумина не можеа да се помират со ваквата одлука, бидејќи „држењето на граница“ не се суди редовно во НФЛ, па се прашуваат дали требало да се додели во клучните моменти на Суперболот.

Треба да знаете
Последни објави