Search

Иран шверцува беспилотни летала во Русија користејќи чамци и државна авиокомпанија

Иран користел чамци и државна авиокомпанија за да прошверцува нови типови на напредни вооружени беспилотни летала со долг дострел за потребата на Русија во војната против Украина, пренесува Гардијан од извори во земјата на Блискиот исток.

Најмалку 18 беспилотни летала биле доставени до морнарицата на Владимир Путин, откако руските офицери и техничари остварија посебна посета на Техеран во ноември, каде им беше прикажан целосен спектар на технологии на Иран.

Во таа прилика, руската делегација од 10 луѓе избра шест беспилотни летала Мохајер-6, кои имаат опсег од околу 200 км и носат две проектили под секое крило, заедно со 12 Шахед 191 и 129 беспилотни летала, кои исто така имаат можност за удар земја-воздух.

За разлика од попознатите беспилотни летала Шахед 131 и 136, кои биле многу користени од Русија против украинските цели, беспилотните летала со повисока алтитуда на летање се дизајнирани да испорачуваат бомби и да се вратат во база непроменети.

Откритијата ја покажуваат зголемената блискост помеѓу Иран и Русија, кои делат непријателство кон САД, особено откако Москва ја започна својата неиспровоцирана инвазија на Украина пред една година.

Минатиот август, американските официјални претставници изјавија дека Иран започнал да ги прикажува беспилотните летала 191 и 129 во јуни во Русија и ризјавија дека очекуваат Техеран да ги продаде на Москва. Беспилотни летала Мохајер-6 беа соборени во Украина од септември.

Откако стана јасно дека и снемува ракети за да ја одржи својата брутална кампања за бомбардирање на градовите во Украина, Русија се сврте кон Иран, но и кон Северна Кореја за да ги надополни своите залихи. Многумина во Украина стравуваат дека Русија планира да изврши голем напад околу времето на годиѓнината од војната за помалку од две недели.

Во меѓувреме, САД, Велика Британија и другите западни влади ја следат ваквата соработка за набавка на оружје, делумно во обид да го спречат тоа да ескалира. Москва, исто така, се обиде да купи балистички ракети, иако нема никакви јавни докази дека Техеран се согласил да ги испрати.

Треба да знаете
Последни објави