Западен Балкан: Научници и претставници на невладини организации повикуваат на заштита на реките како дел од Емералд мрежата  

Во 2011 година, земјите од Западен Балкан предложија мал број на подрачја да бидат вклучени во широката Емералд мрежа на заштитени природни подрачја. Но, голем број на извонредни реки останаа незаштитени- а, постои нов предлог кој треба да го надополни тој недостаток.

Денес, група на научници и невладини организациии од 11 земји објавија листа на 88 реки кои тие сметаат дека треба да бидат со висок приоритет на заштита, со што земјите од Западен Балкан и потписници на Бернската конвенција бараат проширување на Емералд мрежата во регионот.

Воспоставена од Советот на Европа во 1989 во рамки на Конвенцијата за зачувување на европскиот див свет и нивните живеалишта (Бернска Конвенција), Емералд мрежата е составена од подрачја од посебно значење за зачувување на дивата флора и фауна и нивните природни живеалишта.

Како потписници на Бернската Конвенција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во 2011 година го започнаа процесот на воспоставување на Емералд мрежата преку предлагање на мал број на локации. Од тогаш, ниту една од земјите нема предложено нова локација која треба да биде заштитена, а дополнително, најголем дел од нив немаат правна заштита во согласност со националното право, немаат соодветно управување, податоците сe нецелосни, а ресурсите се недоволни, што резултира со неефективна заштита на најголем дел од реките и рибната фауна.

Листата на реки која што денес се објавува е резултат на семинарот посветен на Емералд подрачјата кој го организираше CEE Bankwatch Network во декември 2022 година, каде што учествуваа претставници кои доставија научни податоци за видовите риби и рибни живеалишта.

Како подрачје на значаен биодиверзитет, Западен Балкан може да се пофали со исклучителен речен диверзитет. Планините во регионот, реките, езерата и крајбрежјата се дом на бројни загрозени видови и значајни живеалишта од кои голем дел се ендемични видови кои не можат да бидат најдени на ниту едно друго место. Во споредба со останатиот дел на Европа, голем дел од реките во регионот се во добра или недопрена природна состојба, што ги прави идеални кандидати за заштита според листата на приоритетни подрачја која ја објавуваме денес. 

Андреј Ралев, Координатор за заштита на биодиверзитетот, CEE Bankwatch NetworkЗаштитата на реките и соодветно примена на Емералд мрежата е долготраен процес, што подразбира соработка помеѓу владите, научниците, невладините организаии и локалните заедници. Нашиот предлог, се заснова на сеопфатни научни знаења за популациите на риби во региониот, што е значаен придонес во овој процес. Наредниот чекор е да ги поддржиме властите во региониот да подготват и официјални предлози за нови Емералд подрачја.

Ѓорѓи Митревски, Координатор за поддршка на заедниците, Еко-свест: „Реките во нашата земја се под влијание на разни инфраструктурни проекти кои ги загрозуваат ретките и ендемични видови кои живеат во нив. Вклучувањето на реките во Емералд мрежата е неопходен чекор напред за да можеме да обезбедиме нивна заштита како наше природно наследство.”

Треба да знаете
Последни објави