Search

Жиру не размислува да се повлече од француската репрезентација

 Најдобриот стрелец во историјата на француската фудбалска репрезентација, 36-годишниот Оливие Жиру, сè уште не размислува да се збогува со репрезентативниот дрес.

Иако се најавуваше дека Жиру по поразот во финалето на Мундијалот од Аргентина би можел да се повлече од репрезентацијата, напаѓачот на Милан рече дека има уште многу да придонесе за националниот тим.

„Не, не, не е готово. Не сум подготвен да ги закачам копачките на ѕид и да го симнам синиот дрес кој ми е на срцето. Имам мотивација да одам напред, а и физички сум подготвен. Се чувствувам добро. Во овој момент сè уште ги исполнувам условите да бидам избран во репрезентацијата на Франција“, рече Жиру во изјава за Франс 2.

Жиру досега одигра 120 натпревари за Франција и со 53 голови е најдобар стрелец во историјата на „триколорите“. 

Треба да знаете
Последни објави