Search

ДС вечерва ќе одлучи дали ќе ја поддржи реконструкцијата на Владата

Централниот совет на Демократскиот сојуз денеска попладне ќе одржи седница на која ќе се расправа за претстојната реконструкција на Владата. 

По завршување на седницата, како што најавија од партијата, вечер, во 19:00 часот, претседателот на ДС Павле Трајанов ќе даде изјава за медиумите.

Собранието денеска ја почна седницата на која треба да бидат избрани четворица нови министри и петмина заменици, според договорт за влегување на Алиајнса за Албанците во владејачкото мнозинство.

Треба да знаете
Последни објави